Едногодишно дете во Куманово падна од балкон, пренесено на Детска клиника

129

Едногодишно дете вчера во Куманово паднало од балкон по што е пренесено во кумановскиот здравствен дом, а оттаму на клиниките во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15.55 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на ул. „Егејска Македонија“ дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон.

Детето било пренесено во Јавната здравствена установа Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...