Едногодишно девојче е претепано во градинка во Ченто

Таткото изјавил дека воспитувачката од градинката на детето му рекла дека повредите на детето му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.

2190

Во градинка во населба Ченто е повредено едногодишно девојче,соопшти полицијата.

Детето е донесено во Комплексот клинки „Мајка Тереза“, каде што биле констатирани повредите.

Според соопштеното, таткото на детето И.С.(34),  пријавил дека истиот ден околу 10 часот, откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребаница на лицето, очите и ушите.

Таткото изјавил дека воспитувачката од градинката на детето му рекла дека повредите на детето му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...