Една од најлуксузните јахти во светот вплови во Саранда

Јахтата е со должина од 124 метри и нејзината вредност се проценува на 400 милиони долари.

1050

Луксузната јахта „Катара“, која се вбројува меѓу најголемите приватни јахти во светот, вплови во албански пристанишен град Саранда.

Таа е сопственост на поранешниот емир на Катар Хамад Бин Кхалифа Ал-Тани,татко на актуелниот катарски емир.

Јахтата е со должина од 124 метри и нејзината вредност се проценува на 400 милиони долари.

Шекот Ал-Тани во Саранда бил пречекан од вршителот на должноста амбасадор на Катар во Тирана.  Тој и лани престојуваше во Саранда, прморски град кого го нарекуваат бисер на албанското крајбрежје.

Шеикот Ал Тани, е роден на 1 јануари 1952 година, а емир на Катар беше од 1995 до 2013 година

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...