Во пукање во мексиканскиот град Плаја дел Кармен убиено е едно лице а единаесет се повредени.
На снимката од надзорните камери се гледа како напаѓачите ја поминуваат улицата и веднаш отвараат оган на гостите во популарниот ресторан.
Според зборовите на државниот обвинител, нападот е поврзан со мафијашка организација и со изнуда на пари за заштита.
Плаја дел Кармен е популарно летувалиште во Мексико, а само оваа година во градот имало 86 убиства.