Една голема небулоза

2349

Верски празник како мотив за крпење на улица и соодветно за реклама на локалните власти и јавните претпријатија. Ете, до тука стигнавме.

Сме виделе свашта во овие години на растење со Македонија. Отварање чешми и канти, цркви како урбана опрема, урбана опрема како цркви, сечење ленти и осветување полициски станици и болници, сечење шуми и планини за парите да се соберат и нови анекси да се потпишат.

Овде ништо не се прави зашто треба да се направи за луѓето. Мораш да си некоја категорија за да се почувствуваш дека има нешто и за тебе тука. Еве верник, партиски, провладин, нешто про секако мора, не дај боже анти или контра.

А за сѐ плаќаме, верувале или не. Секогаш подмирени како клиенти, или како измаченици на овој терор од држава.

Најтрагичниот заклучок е дека ние незадоволните клиенти не сме единствените духови во овој криминал, туку гледаш дека баш институциите и луѓето кои ветуваа дека нешто ќе поправат, се всушност само сенки, бројки, една голема небулоза.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...