На денешен ден пред една година, Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА го организираа Супер купот меѓу великаните на светскиот фудбал, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
– Скопје беше домаќин на најголемиот натпревар во историјата на нашата држава. На Националната Арена „Филип Втори“ дојдоа светските ѕвезди предводени од најдобриот во светот, Кристијано Роналдо, актуелните светските шампиони Погба и Варан, најдобриот од последниот мундијал Лука Модриќ и уште многу други фудбалски супер ѕвезди како Иско, Тони Крос, Бејл, Серхио Рамос, Лукаку, Матиќ… – потсетуваат од ФФМ.
Официјални гости на најголемиот фудбалски настан што се одржал во македонската престолнина беа и легендарните Сер Алекс Фергусон, Сер Боби Чарлтон, Раул, Емилио Бутрагењо, Звонимир Бобан, Марко Ван Бастен, како и највисоките претставници на УЕФА и ФИФА предводени од претседателите Александар Чеферин и Џани Инфантино.
Натпреварот го проследија навивачите од цела Европа, а на крајот Реал Мадрид победи со 2:1.
По фудбалскиот спектакл, УЕФА се заблагодари за прекрасната организација, оценувајќи го настанот како „Најдобар во историјата на Супер куп натпреварувањето“.