Единствена Македонија: Стефан Влахов Мицов беше шпион, го исклучивме од партијата

4277

Извршниот комитет на Единствена Македонија го исклучила од партијата Стефан Влахов Мицов поради докази и факти дека Влахов-Мицов дејствувал на начин кој не одговара на неговиот политички статус во партијата.

„Во периодот на ребрендирањето на Единствена Македонија, а власта уплашена од ориентацијата на партијата за сојуз со Русија која народот масовно ја прифаќа, државната безбедност го инфилтрира Мицов во партијата со цел минирање на клучните партиски активности.

Одлуката за исклучување на Мицов ја објавуваме по три дена, од причина што, Мицов беше присутен на Извршниот комитет при исклучувањето каде лично му беа дадени доказите и фактите за неговата дејност против партијата, по што возврати со една реченица дека и тој имал некакви докази, по што претседателот Бачев ја прекина седницата и побара од Мицов на следната седница на Извршниот комитет да покаже се што има, но, Мицов, наместо да донесе некакви докази вчера излезе на еден портал со некакво отворено писмо со лаги, клевети, навреди со цел да го оцрни по задача претседателот Бачев. И толку. Значи излажа, а што може да се очекува од еден кодош на службата која патем му издејстувала и Зоран Заев да ја потпише одлуката Мицов и понатаму да го користи владиниот државен стан доделен своевремено од Црвенковски и да зема плата од буџетска институција.

Како и да е, марионетската влада во Скопје ја отвори и последната карта преку соработници на тајната служба да ја ослабне Единствена Македонија. Тајната служба нема да му помогне на Заев, процесот е тргнат и ништо повеќе не може да ја сопре Единствена Македонија да ја оствари јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните за историскиот стратешки сојуз со Русија. Место во Единствена Македонија за оние кои сакаат да имаат двојна улога, да бидат политичари и соработници на тајната служба, повеќе нема да има, Стефан ВлаховМицов е исклучен, бидејќи ние влегуваме во завршна битка со власта“, соопшти партијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...