Единаесет загинати, десетици повредени во железничка несреќа во Пакистан

32

Најмалку 11 луѓе загинаа, а над 70 се повредени откако патнички воз рано изутринава удрил во товарен вагон, паркиран на пругата, во источниот дел на Пакистан, соопштија официјални претставници.

– Возот патувал од источниот град Лахоре до југозападниот дел на провинцијата Балочистан – изјави шефот на полицијата Умер Саламат, додавајќи дека при судирот моторот на возот речиси целосно е оштетен, а три вагони излетале од шините.

Според полицискиот службеник Хафез Буги, бројот на жртвите би можел да се зголеми, имајќи предвид дека тројца од повредените се наоѓаат во критична состојба, а има и патници кои се блокирани во внатрешноста на оштетените вагони.

Спасувачките екипи е обидуваат со електрични алати да направат простор и да пристапат до патниците кои се внатре.

– Причината за железничката несреќа се уште не е позната и таа ќе се истражува откако ќе заврши спасувачката операција – истакна шефот на локалната администрација Џамил Ахмед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...