Единаесет лица се медицински згрижени во гостиварската општа болница по сообраќајната несреќа што се случи на магистралата Гостивар – Кичево.
По речиси двочасивниот прекин, сообраќајот повторно се одвива непречено во двете насоки.
Според првичните наоди од извршениот увид, во сообраќајната несреќа која се счучи околу 14 часот, во близина на отворените каменоломи, се судриле минибус и два патнички автомобила.
Едно лице како итен случај е префрлено на скопските клиники. Карактерот на повредите на повеќето лица се утврдува.
Полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.