Единаесетгодишно девојче вчера било силувано од таткото на нејзината другарка.
Како што соопшти МВР, во полициската станица Прилеп, А.Х. пријавила дека на 31 мај околу 9 часот нејзината 11-годишна ќерка отишла на гости кај нејзината другарка каде што таткото на другарката Р.Ч. (39) ја силувал.
Силувачот бил приведен во полициска станица. Бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.