Еден човек бил убиен во филмски грабеж на аеродром во Тирана.
Албанската полиција соопштила дека пукала кон маж откако група лица извршила грабеж на меѓународниот аеродром. Не кажала за колкава сума станува збор.
Според Дејли мејл, десет милиони евра биле украдени од авион кој се спремал да полета.
Британскиот медиум додава дека четворица криминалци дошле со помош на возило на даночна полиција и се обиделе да го пресретнат возилото кое ги пренесувало парите до авионот.
Специјални полициски сили и хеликоптери го истражувале теренот, а поради инцидентот бил откажан лет за Виена.