Обвинителката за гонење на организиран криминал Вилма Рускоска вечерва изјави дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет“ се понудил да се спогоди и да сведочи.
Осомничени во првиот дел од истрагата се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец.
Русковска изјавата ја даде по распитот на Јасна Мандиќ, потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“ кој го предводи првоосомничениот Бојан Јовановски.