Еден од најдобрите борбени авиони удри со клунот на писта во САД

632

Еден од најдобрите борбени авиони на светот при слетување удри со клунот на писта на аеродромот Еглин кај Флорида, објави американското воено воздухопловство.

По итниот случај во текот на летот, ловецот Ф-35А се враќал во воздухопловната база Еглин и му откажала опремата за слетување. Инцидентот се случил во средата околу 12.50 часот по локално време.

Пожарникарите веднаш стасале на местото на несреќата и пилотот не е повреден, објави американското воено воздухопловство.

Покрената е истрага за инцидентот, а локалните медиуми објавиле фотографии кои го покажуваат урнатиот авион. Не е проценета штетата ни трошоците за поправка, а не се објавени ни детали за итниот случај поради кој авионот морал да се врати во базата.

Ова не е прв пат на ловец Ф-35 да му откаже опремата за слетување. Во 2017 година пилоти на воената морнарица користеле модел на Ф-35 Ц и се пожалиле на откажување на системот за слетување, наведува порталот Дефенс Њуз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...