Еден од загинатите во Пинтија имал 16 казни за 6 месеци

1655

Еден од учесниците во вчерашната сообраќајка, во која за жал имаше смртни последици, имал изречено 16 казни од јануари оваа година, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека на булеварот Борис Трајковски од јануари до мај се изречени 369 казни за брзо возење.

– Сето ова покажува колку сите треба да бидеме свесни како се однесуваме во сообраќајот. Упатувам апел до сите граѓаните да помислат на своите деца кога седнуваат зад воланот – рече Спасовски.

Во вчерашната несреќа, што се случи околу 22 часот при судир на „голф“ и „пежо“ загинаа две лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...