Косопственикот на струмичкиот бренд познат по ајварот МАМАС, вчера на својот twitter профил објави пост во кој нашата компанија на нарече Анал 5, реагира Канал 5 телевизија и најавува пријава поради изречениот говор на омраза.
„Twitter постот на еден од сопствениците на МАМАС, Калин Бабушку, беше полн со говор на омраза и навреди кои не доликуваат на еден интелектуалец и бизисмен, особено не на човек поврзан со овој бренд. Неговата омраза беше насочена кон нашата ТВ куќа но и уште една членка на медиумската асоцијација ММА, така што Канал 5 ТВ утре ќе поднесе соодветни поднесоци до Судот и Обвинителството, со цел заштита на нашиот углед, но и заштита на севкупната јавност од ваквиот говор на омраза и вербален примитивизам.
Истовремено за овој скандал ќе ја информираме Американската Амбасада, делегацијата на ЕУ во Македонија и особено Британската Амбасада, која е носител на кампања против лажните вести и говорот на омраза по медиумите и социјалните мрежи“, вели Канал 5.