Ракот на белите дробови ретко кога дава рани симптоми на самиот почеток на болеста.
Како и кај многу други видови тумори и ракот на белите дробови очигледно симптомите ги дава дури кога болеста е во понапредна фаза.
Сепак, еден знак на вашето лице може да укажува на развивање на ракот на белите дробови, а станува збор за нешто што може да го превидите и да го занемарите.
Ракот на белите дробови е еден од најчестите во светот.
Многу е важно да внимаваме на помалку важните и сокриени симптоми за болеста да се открие навреме, затоа што лекувањето тогаш е поефикасно доколку навреме се дијагностицира и реагира.
Симптомите на ракот на белите дробови не се покажуваат додека болеста не напредне, но постојат мали знаци на кои можеби никогаш не би им дале на значење.
Еден од таквите знаци се крие на вашето лице.
Постојат мали знаци на кои можеби не им давате поголемо значење, но еден од тие знаци се наоѓа на вашето лице.
– Многумина мислат дека отеченото лице е знак на алергиска реакција – велат од Центарот за истражување на ракот на белите дробови, а пренесува британски „Експрес“.
„Сепак надуеното лице може да биде резултат на опструкција на горната празна вена која што е главен венски крвен сад на горната половина од телото.“
Таа ја носи венската крв богата со јаглерод диоксид од главата, вратот, горните екстремитети и органите во градниот кош во десната преткомора на срцето.
Опструкција на оваа вена се случува кога ракот на белите дробови се развива во нејзина близина и почнува да ја притиска или пак ако се прошири во лимфните јазли кои се наоѓаат во близина.
Надуеноста исто така може да се појави и во пределот на вратот.
Уште еден симптом кој не можете да го занемарите е промената на прстите кога отекуваат и стануваат очигледно поголеми.
Тоа е знак дека ни недостасува кислород во крвта, а тоа може да биде знак на развивање на ракот на белите дробови.
Уште еден симптом на кој треба да обрнете внимание е губењето на апетитот или необјасниво губење на килограмите.
– Губењето килограми најчесто се случува кај заболените од рак на белите дробови, рак на дебелото црево или рак на панкреасот.
Заболените од рак на белите дробови имаат проблем со џвакањето и голтањето. Може да се појават мачнини и губење на апетитот.
Останати симптоми за рак на белите дробови се:
– Кашлица која не поминува за две или три недели;
– Кашлица која со текот на времето се влошува;
– Инфекции на белите дробови кои се повторуваат;
– Кашлање проследено со крвавење;
– Болка при дишење и кашлање;
– Чувство на намален здив;
– Чувство на замор и недостаток на енергија.
–