Еден загинат мигрант, еден вратен во камп, 11 во болница во Кавадарци по сообраќајката на автопатот Демир Капија-Неготино

513

Едно лице загина, едно е вратено во камп, а 11  мигранти се префрлени во болницата во Кавадарци по сообраќајката на автопатот Демир Капија-Неготино, потврди за МИА Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.

Итната медицинска помош при Здравствениот дом интервенирала со три возила во сообраќајката во која возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП“ удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.

Едното лице било полесно повредено и предадено на полиција да го врати во кампот.

Болничкиот персонал е ангажиран околу повредените, а неофицијално,  од извори во болницата, тројца од повредените најверојатно ќе бидат однесени на Скопските клиники.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...