Едно лице загина, а повеќе од 10 се повредени во пожар на патнички авион, кој принудно слетал на московскиот аеродром Шереметјево.
– Според прелиминарните информации, едно лице загина. Во авионот се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот – истакна неименуван извор.
На местото на инцидентот се испратени најмалку 10 амбулантни возила.
Авионот Сухој Суперџет-100 од Шереметјево полетал кон Мурмански, а набрзо се вратил барајќи итно слетување.
Первые секунды после посадки горящего борта в Шереметьево. Люди, спасшиеся из самолёта, бегут по полосе pic.twitter.com/j3lcDnvtEF
— baza (@bazabazon) May 5, 2019