Едно лица загина, а петмина се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп, потврди Основното јавно обвинителство од Кавадарци.
Дежурен јавен обвинител од ова Основното јавно обвинителство врши увид на несреќата.
Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки. Во несреќата животот го загубил еден од патниците во голфот, додека еден е потешко и еден полесно повреден. Со полесни повреди се здобиле и тројцата патници во џипот.
Сообраќајот на патниот правец е запрен до целосно завршување на увидот.
По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а земени се примероци за испитување на присуство на алкохол во крв и урина на возачите на двата автомобили. Со цел утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде наредба за сообраќајно-техничко вештачење.