ОБНОВЕНО Еден загинат во сообраќајка на патот Струмица – Ново Село

Сообраќајната несреќа ја потврди МВР, а екипа на струмичката полиција сѐ уште врши увид на местото на несреќата.

279

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Струмица – Ново Село, пред влезот во селото Босилово.

Според првичните информации, автомобилот марка „фиат браво“ од засега непознати причини излетал од патот и се забил во дрва покрај коловозот, а возачот кој е од Босилево починал на местото на несреќата.

Од силината на ударот автомобилот е целосно уништен, а во извлекувањето на починатиот возач учествувале шест пожарникари со специјална хидраулична алатка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...