Едно лице загина, а две се повредени во нападот со нож во парк во местото Вилжуиф кај Париз, по што полицијата го уби напаѓачот, соопштија властите.
Полицајците веднаш пукале кон напаѓачот, кој кратко време по ранувањето им подлегнал на повредите. Тие стравувале дека носи појас со експлозив.
Напаѓачот нападнал неколку лица во паркот.
Засега не се познати мотивите за нападот.