Македонскиот борач Владимир Егоров освои бронзен медал на Европското првенство за сениори во категоријата до 57 кг.
Егоров успеа да слави во борбата за третото место и стигна до бронзен медал, откако го совлада Андреј Дуков од Романија со 7-5 во поени.
Последен пат Македонија се израдува на медал од континентално натпреварување во 2007 година, кога Мурат Рамазанов (-60 кг) го освои бронзениот медал на ЕП во Софија, Бугарија.
Резултати:
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Симоне Ијанатони (Италија) 11-0 (ТТ)
Могамедгаџи Нуров – Мураз Мчедлизе (Украина) 5-4
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-12 (ТТ)
За бронза
Могамедгаџи Нуров – Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан)/ Генади Чудиновиќ (Германија)
-57 кг
Владимир Егоров – Муслим Садулаев (Русија) 2-5
Репасаж
Владимир Егоров – Леван Вртанов (Шпанија)
За бронза
Владимир Егоров – Андреј Дуков (Романија) 7-4
-61 кг
Елмедин Сејфулаху – Бека Ломтаѕе (Грузија) 0-10 (ТТ).