Егзекутиран сериски убиец од Флорида, осум месеци масакрирал геј мажи (ВИДЕО)

На Флорида осудените на смрт може да бираат дали ќе бидат егзекутирани со електричен стол или смртоносна инјекција.

1024
ФОТО: Принтскрин

Човекот кој призна дека убил шестмина постари геј мажи за осум месеци во 1994 година, е егзекутиран ноќеска во американската држава Флорида.

Педесет и седумгодишниот Гери Реј Булс, нарекуван убиецот од авто патот Интерстејт 95, е прогласен за мртов во 4.58. Тој бил убиен со смртоносна инјекција.

Како што пренесуваат медиумите, во последното писмо тој се извинува за болката и страдањето кое го предизвикал.

Тој е уапсен во 1994 година за убиството на Волтер Џамел Хинтон. Тој го признал и ова злосторство и пет други, но осуден е на смрт само за шестото.

Булс имал тешко детство. Татко му починал пред тој да се роди, а како дете бил злоставуван од двајцата партнери на својата мајка. Тој почнал со дрога и алкохол уште на 11 години, а речиси го убил едниот очув на 13 години.

Потоа убивал постари геј мажи, кои подоцна ги ограбувал.

На Флорида осудените на смрт може да бираат дали ќе бидат егзекутирани со електричен стол или смртоносна инјекција.

Гери Реј Булс е 13-от притвореник егзекутиран од почетокот на 2019-та во САД, а трети оваа недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...