Европски суд одобри притворање фудбалски навивачи за да нема нереди

97

Европскиот суд за човекови права (ЕХЦР) денеска пресуди во корист на данските власти кои притвориле тројца локални навивачи за да спречат евентуални насилни екцеси на напревар против Шведска во 2009 година.

ЕХЦР утврди дека Данска не го прекршила правото на слобода на трите лице, осомничени за поттикнување и давање наредби за тепачка меѓу навивачи.

Тројцата навивачи на денот на натпреварот биле задржани седум часа со цел да се запре организирање нереди, иако не биле обвинети за некакво криминално дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...