Европска федерација на новинари: Безбедноста на колегите од Западен Балкан е загрижувачка

91

Безбедност на новинарите во земјите од Западен Балкан останува загрижувачка, рече претседателот на Европската федерација на новинари, Могенс Бличер Бјерегард, на вториот ден од конференцијата „Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во земјите од Западен Балкан”, која се одржа во Подгорица.

Бјерегард рече дека состојбата со слободата на медиумите во регионот е лоша и поради тоа е многу добро што здруженијата на новинари и синдикатите во земјите од Западен Балкан ги здружиле силите во одбрана на слободата на печатот.

Претставничката на Советот на Европа, Лејла Дервишагиќ, изјави дека превенцијата, заштитата, покренуваањето истраги и промоција на сето тоа се клучните препораки за да се зајакне безбедноста на новинарите.

Таа додаде дека Советот на Европа преку својата платформа веќе неколку години бележи случаи со напади на новинари во Европа и дека се анализираат можностите за нивно расветлување.

„Целта е да се принудат земјите членки да ја променат сегашната ситуација”, изјави Дервишагиќ.

Таа, исто така, рече дека на платформата во оваа година се евидентирани 122 случаи на напади врз новинарите во Европа и, за жал, четири убиства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...