Европската комисија му препорача на Советот на министри сега да отпочне пристапни преговори со Албанија и со Северна Македнија, соопшти денеска еврокомесарот Јоханес Хан презентирајќи ги извештаите за напредокот за земјите апсирантки за членки на ЕУ.
Хан е задоволен од напредокот на Албанија и на Македонија.
– Северна Македонија не само што продолжи со нејзината амбициозна реформска агенда, туку и постигна историски договор со Грција, решавајќи го долгогодишниот спор околу името. Ова заедно со билатералниот договор со Бугарија е пример како да се зајакнат добрососедските односи за целиот регион. Ова е светол пример за другите земји – рече Хан.
За да остане кредибилна ЕУ мора да се држи до нејзините заложби и да одговори јасно и позитивно кога земјите ги исполнуваат своите задачи, додаде тој.