Неповратни 10 милиони евра за изградба на пречисгтителната станица за отпадни води во Скопје ќе и даде Европската инвестициска банка (ЕИБ) на земјава. Ова го најави регионалниот директор на ЕИБ Матео Ривелини вчера на Самитот за Западен Балкан организиран од „Економист“.
Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да се гради во близина на селото Трубарево и е поделена за реализација во две фази. Првата етапа предвидува до 2030 година да се обезбеди пред-третман и биолошки третман на отпадните води, додека најдоцна до 2045 година од отпадните води што завршуваат во Вардар ќе се отстранува азотот и фосфорот. Целокупниот капацитет ќе се простира на површина од 13 хектари.
Изградбата на пречистителната станица,според највеното треба да чини меѓу 125 и 135 милиони евра кои треба да се обезбедат со кредити.
-Парите од ЕИБ ќе бидат добиени заедно со почетокот на имплементацијата на проектот чие чинење е проценето помеѓу 125 и 135 милиони евра. Се очекува консултатнот – франсцуски Еџис конечно да го каже своето мислење за вредноста на проектот кој ќе биде финасиран комбинирано од ЕИБ и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Средствата ќе се добијат паралелно со имплементирање на проектот и склучување на договорите со финансиските институции и банките – вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска за МИА.
Тој посочи дека веќе е готова техничката документација за изградба на пречистителната станица и оти заврши физибилити студијата, а покрај начинот на изградба на пречисителната станица треба да се одговори и како ќе се реконструира канализациската мрежа во Градот Скопје.
Тендерската постапка треба да се објави на крајот на годинава или на почетокот на идната, проектот би требало да се реализира во следните две години, а потоа да почне со функција.
Изградба на такви пречистителни станици, како што кажа, предвидена е во сите општини во земјава.