Европратеничка прашува: Ќе има ли Груевски ВИП третман во Унгарија?

2292
ФОТО: EPA/PATRICK SEEGER

„Еднаш ги прашав унгарските власти дали може да се побара азил надвор од центрите за притвор на српската граница. „Не“ беше одговорот. Ќе го затворат ли Груевски или постои можност за ВИП-азил во Будимпешта?“

Ова е прашање кое го постави европратеничката од Холандја, Џудит Саргентини, на нејзиниот Твитер профил, споделувајќи изјава од унгарското МНР дека тие не можат да потврдат или демантираат информации за местото каде е сместен Груевски со образложение дека не ги коментираат тековните апликации за азил.

На бегството на Груевски, Саргентини посвети уште еден „твит“, повторно прашувајќи дали унгарските власти ќе го испратат во притворскиот центар.

„Следното прашање е: дали унгарските власти ќе се придржуваат до своите правила и ќе го испратат Груевски да аплицира за азил од притворскиот центар или ќе го отфрлат неговото барање затоа што избегал – според нив – од безбедна земја? Или ништо од погоре напишаното? Останете со нас!“, твитна европратеничката.

Саргентини е европратеничката која го го напиша извештајот за состојбите во Унгарија и доби аплаузи во Европскиот парламент каде имаше емотивна реакција откако откако дури 448 европатеници, наспроти малцинството од 197, гласаа во корист на нејзиниот извештај со којшто се препорачува започнување на процедурата предвидена со член 7, што би можело да доведе до суспензија на правото на глас на Унгарија во ЕУ.

ФОТО: EPA/PATRICK SEEGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...