Европратеничката Маријана Петир преку видео порака се обрати до членовите и делегатите на ВМРО-ДПНЕ со порака на утрешната Конвенција за избор на кандидат за претседател на државата да гласаат за кандидатурата на пратеникот Влатко Ѓорчев.
– Важно е во овој историски момент кога Македонија е притисната од сите страни, кога нејзиниот идентитет, јазик и суверенитет се доведуваат во прашање, да има политичари кои имаат срце, ја сакаат земјата и се подготвен за неа да се борат бескпмпромисно. Претседателот на Републиката е институција, тој е човек кој ја претставува државата во светот и може да отвори многу затворени врати, а верувајте ми Влатко го може тоа, вели меѓудругото во изјавата за поддршка на Ѓорчев, европратеничката Петир.