Европратеникот Кулоглу: Единствена добра вест во Европа е Договорот од Преспа

445
ФОТО: EPA/JULIEN WARNAND

Договорот од Преспа е единствената добра работа во овој момент во Европа, вели европратеникот од СИРИЗА, Стелиот Кулоглу во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

– Повеќето работи што се случуваат во Европа се лоши: Брегзит, протестите во Франција, слабеењето на Меркел, порастот на екстремната десница. Единствената добра вест што во овој момент постои во Европа е Договорот од Преспа, кој на некој начин ја стабилизира ситуацијата на Балканот – вели Кулоглу.

Европратеникот од СИРИЗА, истакнува дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот парламент, а во однос на тоа дали решението ќе беше поцврсто доколку претходно владата постигнеше консензус со опозициските партии, Кулоглу вели дека договорот се постигнал врз основа на веќе постоечката грчка национална линија.

– Владата се движеше на линијата што ја одредија претходните влади, не направи нешто друго. Немаше преговори за одредување на нова национална стратегија. Постоеше оваа стратегија. Мислам дека владата многу добро направи и на меѓународно ниво ќе се покаже дека била во право, а и за Ципрас ќе се покаже дека бил во право, но за сега се појавува еден проблем. Но, не се плашам дека владата ќе падне поради ова. Договорот ќе се изгласа и луѓето на изборите  ќе гласаат врз основа на нивната финансиска состојба. Ако нивната финансиска состојба е подобрена, ваквите прашања ќе поминат во втор план – вели Кулоглу за АНА-МПА и додава дека понекогаш е потребно да се носат храбри одлуки.

ФОТО: EPA/JULIEN WARNAND

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...