Еврокомисија: Воздухот во Софија е опасен за здравјето на луѓето

Најголемо загадување во Софија се случува во текот на ноќта, а пикот бил вечерта од недела кон понеделник. Податоците покажуваат дека иста или слична ситуација е евидентирана и во саботата, неделата, понеделникот и вчера, а загадувањето е големо и денеска.

164
20151224 Thursday magla skopje zagadeno zagadenost zagaden vozduh pm chestici chestichki smog

Бугарската престолнина Софија е на трето место во светот според загадувањето на воздухот, покажуваат податоците на светските агенции за мерење на квалитетот на воздухот. Според Европската агенција за животна средина, воздухот во Софија е со најголемо загадување и е реално опасен за човековото здравје.

Позагаден воздух дишат само во индискиот град Њу Делхи и пакистанскиот Лахор, пренесува БГНЕС.

Податоците на европските агенции покажуваат дека најголемо загадување во Софија се случува во текот на ноќта, а пикот бил вечерта од недела кон понеделник. Податоците покажуваат дека иста или слична ситуација е евидентирана и во саботата, неделата, понеделникот и вчера, а загадувањето е големо и денеска.

Од Европската агенција за животна средина го оквалификуваа воздухот во Софија како „многу нездрав“, при што индексот на загадување е обоен во темновиолетово – што е највисок степен на загадување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...