Еве што демантираше Груевски во својот фејсбук статус за проектот „финансиска зона“

Проектот, како што меѓу другото се наведува во текстот, бил оспорен и од  Венецијанската комисија и правното советодавно тело во Советот на Европа.

759

Текстот што го предизвика експремиерот Никола Груевски да напише статус на Фејсбук и да го брани проектот „меѓународна финансиска зона“ е производ на истражувачкиот проект за организиран криминал и корупција OCCRP и е објавен вчера. Во текстот со наслов: Неред во Северна Македонија – Тајниот план за создавање „прибежиште за валкани пари“, се тврди дека се откриени документи кои покажуваат дека идејата на Груевски за формирање меѓународна финансиска зона е заговарана во Лондон, а во план било зоната да се формира на периферијата на Скопје пред очите на „домашните и меѓународните регулатори“.

„Шемата, зад кулисите, беше оркестрирана од Formations House, лондонска фирма чиј основач е Надим Кан (Nadeem Khan). Тој, пак, во 2014 година беше обвинет за наводна вмешаност во случај на измама од 100 милиони евра под обвинение дека олеснувал перење пари преку компании поврзани неговата фирма. Кан, меѓутоа почина во септември 2015 година на 54 години пред да му се суди. Негова идеја беше да се создадат непроирни финансиски зони во десетина земји, конкретно на Балканот и во Африка“ се тврди во текстот на OCCRP.

Проектот, како што меѓу другото се наведува во текстот, бил оспорен и од  Венецијанската комисија и правното советодавно тело во Советот на Европа.

– Комисијата предупреди дека зоната може да стане „рај за валканите пари “, се наведува во текстот.

Поранешниот премиер Груевски, на својот фејсбук статус без да посочи кој текст го демантира денеска го правдаше проектот „меѓународна финансиска зона“ како проект кој немало да дозволи перење пари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...