Еве кои се предлозите за пратеници на СДСМ и Коалицијата

3913

Централниот одбор на СДСМ во хотелот „Александар Палас“ во моментов ги разгледува листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.

Неофицијално, тандем носители за Првата изборна единици се предложени Никола Димитров и Мила Царовска.

За Втората изборна единица носители се Оливер Спасовски, а втора на листата е Сања Лукаровска.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски е носител на листата на „тројката“ и по него Јагода Шахпаска.

Носител на листата за Четвртата изборна единица е лидерот на партијата Зоран Заев, а втора на листата е Соња Мираковска од НСДП.

Радмила Шекеринска ќе ја предводи листата за Петтата изборна единица, по неа е Јован Митрески.

Лидерот на Беса Билал Касами ќе биде прв во Шестата изборна единица, а по него е Фаница Николовска.

Трет на листата во првата изборна единица е Дамјан Манчевски, а по него се Мери Георгиевска, Даниела Николова и Дарко Каевски, Снежана Калевска Ванчева, Дарко Каевски.

Потпретседателот Мухамед Зекири е трет на листата во „двојката“, а предложени се и Славјанка Петровска, Санела Шкриељ, Мартин Костовски, Љатифе Шикоска.

Во Третата изборна единица е сашо Николов, Ненад Коциќ, Марија Ангелова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Рамбабова.

Во „четворката“ на листата се Миле Талески, Даниела Колева, Панчо Минов и Лолита Ристова.

Во Петтата изборна единица се Бисера Костадинова, Лазе Танески, Един Јакуповиќ.

Во „шестката“ повеќето се претставници на Беса, но и Драгољуб Филиповски, Татјана Лалчевска, Даниела Антоска.

Се очекува Конгресот да се изјасни за листата на пратеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...