Светското првенство во фудбал почнува за два дена и гледачите ширум светот желно го очекуваат овој спектакл.
Големо внимание привлекува списокот на државници кои би требало да се појават во публиката, пренесува српски Телеграф.
Кој нема да присуствува на СП?
По заострувањето на односите меѓу Русија и Украина, но и Русија и Запад, од сите страни може да се слушнат повици за бојкот на Мундијалот во Русија како вид на протест против руската надворешна политика. До сега, бојкотот го подржале Украина, Велика Британија и Исланд.
Светското првенство нема да го следи ни претседателот на Аргентина Маурисио Макри, иако тоа било најавено, но не е во прашање бојкот на Русија туку економската ситуација во земјата.
Во Русија патуваат лидерите на Франција, Бразил, Јужна Кореа
Меѓу државите чии претседатели или премиери ја потврдиле посетата на Русија за Светското првенство засега се наоѓаат Франција, Саудиска Арабија, Бразил, Јужна Кореа и Боливија.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна најави дека ќе оди на СП, но само ако Франција пројде во полуфинале.
Саудискиот принц Мохамед Бин Салман потврдил дека ќе присуствува на свеченото отворање на првенството.
И претседателот на Бразил Мишел Темер ја прифатил поканата на Русија да присуствува на Светското првенство, а познато е дека Владимир Путин 2014 година повеќе пати ја посетил таа земја.
Претседателот на Јужна Кореа Мун Ји Ин ја прифатил поканата на рускиот претседател.
Амбасадата на Боливија во Москва го потврдила доаѓањето на претседателот Ева Моралес, кој во Русија би требало да допатува идната недела.
На СП најверојатно ќе оди и белгискиот крал, а натпреварот помеѓу Белгиа и Тунис сигурно ќе го следи белгискиот министер за надворешни работи Дидие Реиндерс, кој ја прифатил поканата на Серегеј Лавров.
Ангела Меркел, која инаку често поминува половина свет за да ја поддржи германската репрезентација, сеуште не потврдила дали ќе оди на Мундијалот, но најавила дека постои таква можност.
Новиот премиер на Шпанија, Педро Санчес, се состана со националниот тим на земјата, но не е познато дали ќе отпатува во Русија.
Кој сѐ е поканет да присуствува на СП во Русија?
Меѓу државниците кои се поканети да ја посетата Русија во текот на СП се претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос, претседателот на Португалија Марсело Ребело, претседателот на Иран Хасан Рохани, како и премиерот на Јапонија Шинзо Абе.
Покана е упатена и на претседателите на Костарика, Египет, Мексико, Мароко, Нигерија, Панама, Перу, Швајцарија, Тунис и Уругвај, како и премиерот на Австралија.