Доналд Трамп искористил момент во текот на историскиот состанок со Ким Јонг Ун малку да се пофали со својот претседателски автомобил.
Трамп и Ким при напуштањето на работниот ручек, американскиот претседател одлучил да направи непланирано свртување кон својата претседателска лимузина, позната како „The Beаst“.
Трамп со рака покажал кон автомобилот, а обезбедувањето ја отворило вратата за Ким да ѕирне во лимузината.
Ким се насмеал кога го видел 1.6 милиони долари вредниот „кадилак“ креиран да издржи воен или хемиски напад.
Американскиот претседател секогаш патува со таа лимузина, а „The Beast“ е со него и кога патува со авион.