Првата дама на САД, Меланија Трамп, откри како Белата куќа е празнично украсена годинава.
„Американско богатство“ е темата која таа ја одбрала, а Белата куќа ја красат 29 елки, многу сијалички, повеќе од 12.000 панделки, 14.000 украси и драматична црвена шума.
Меѓу украсите е и дрво подарено од семејства на загинати американски војници, полици над каминот со слики од Њујорк, Сент Луис, Чикаго и Сан Франциско… А и традиционалната новогодишна куќичка за деца е тука, како и елка висока 5,5 метри.
Меланија на Twitter објави божиќно видео како шета низ светкавите и украсени соби на Белата куќа, облечена во темен капут и чизми.
Црвената боја преовладува, но за многумина е застрашувачка. Твитерџиите се пошегуваа на нејзина сметка…
Празничните црвени лампиони ги реди со црвени ракавици…
И со шумата од дрвја кои буквално изгледаат како да се потопени во црвена крв…
Меланија додала празничен дух во Белата куќа со овие светкави златни декорации…
Твитерџиите ја критикуваа првата дама дека таа e единствената која успева Белата куќа за Божиќ да ja направи да личи на пекол, или можеби дека сакала да ја обои куќата во црвена боја, како крвта на нејзините непријатели…
ФОТО: Твитер