Еве како изгледа трамвај на гуми, ако не дишат ѕиваните ВИДЕО

8714

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниска говорница најави дека една од мерките за решавање на аерозагадувањето е воведување на трамвај на гуми.

Па, еве како тој изгледа. Долг е 32 метри и висок 3.4 метри. Може да прими 307 патници и се движи со 70 километри на час.

Наместо по шини, трамвајот се движи по белите линии на патот, кои контролираат стотина сензори. Трамвајот користи гуми и возењето е како со автобус.

Литијум-титаниумските батерии овозможуваат возење долго 25 километри по само 10 минути полнење.

Првиот трамвај кој се движи без шини лансиран е во еден град во централнокинеската провинција Хунан.

Трамвајот е нешто помеѓу автобус, трамвај и воз.

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...