Опасна игра кружи меѓу младите во Македонија. Станува збор за игра во која тинејџери фрлаат соученик од прозор, според која наводно настрада и девојчето од училиштето во Аеродром. За некои смеа и игра, за други ставање живот на коцка.
Според коментарите на социјалните мрежи, оваа игра е сѐ поактуелна меѓу младите.
Родителите исплашени за своите деца, на социјалните мрежи, прашуваат каде се наставниците во овој случај и како играва станала толку популарна.
Видеото на Фејсбук го објави Види Вака.