Еве каков ќе биде новиот лик на „Соколана“

1293

Општина Куманово ќе го реконструира комплекост „Соколана“ до 2021 година за што е изработен идејниот проект.

Новиот план за спортскиот комплекс „Соколана“ предвидува партерно решение со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени. Предвидена е изградба на терен за ракомет и мал фудбал со фиксни трибини со капацитет од 568 места, терен за кошарка со дополнителни 4 коша за уличен баскет, терен за одбојка, службен паркинг со 6 места, паркинг за посетители со 29 места, проширување на пристапната улица на 5,5 метри, комплетно осветлување на терените и објектот.

Во првата фаза ќе се уредува партерно и ќе се озеленува, во втората фаза ќе се изработува проект за санација на објектот, во третата фаза ќе се санира и реконструира објектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...