Во сабота, Владата ќе организира прослава по повод поканата од НАТО за влез на Македонија во Алијансата. Ќе има журки во 15 градови, во саботата во вечерните часови, а централната прослава ќе биде во Градскиот парк во Скопје од 21 часот на која ќе настапат Кирил Џајковски, Архангел, Këpurdhat.
На прославите ќе настапат вкупно 40 артисти.
Преку видео обраќање покана до граѓаните од Брисел испрати и премиерот Зоран Заев.