Еве зошто си оди Зидан од Реал

Зидан го предводеше Реал од јануари 2016 до мај оваа година. За ова време „Кралскиот клуб“ освои девет трофеи, вклучувајќи и три во Лигата на шампионите.

753

Зинедин Зидан се повлече од тренерската функција на Реал Мадрид поради конфликт со претседателот на клубот Флорентино Перез, објави „Мирор“.

Според британскиот весник, францускиот фудбалски стручњак и првиот човек на клубот не можеле да се договорат за целите во претстојниот трансфер период.

Зидан сакал да го засили составот со купување на Еден Азар од Челзи, но Перез одбил да го донесе Белгиецот.

Во исто време, претседателот на клубот сакал да го ангажира голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Геа, а тренерот инсистирал и понатаму прва опција на голманската позиција да биде Кејлор Навас.

Зидан го предводеше Реал од јануари 2016 до мај оваа година. За ова време „Кралскиот клуб“ освои девет трофеи, вклучувајќи и три во Лигата на шампионите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...