Еве зошто само Путин имал чадор, додека другите искиснаа до гола кожа

3788

Чадорот за рускиот претседартел Владимир Путин брзо се отвори откако почна силниот дожд во Москва, на церемонијата за доделување на медали по финалето на Светското првенство во фудбал, но другите ја немаа таа среќа.

Путин брзо бил заштитен од дождот.

Грмежите можеле да се слушнат уште во текот на второто полувреме на стадионот Лужники, а небото буквално се отвори во моментот кога Путин, во друштво на претседателот на ФИФА Џани Инфантино стигнале на подиумот поставен за доделување на наградите.

Костумот на Путин почна да се мокри додека не се појави некој со чадор да го спаси рускиот претседател.

Но, таква среќа немаа хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, облечена во хрватски дрес и францускиот претседател Емануел Макрон, кои стоеа до Путин киснејќи сѐ додека и за нив не стасаа чадорите.

Но, тогаш веќе беше доцна, сите освен Путин искиснаа до гола кожа.
Многумина веднаш се запрашаа зошто само Владимир Путин имаше чадор, додека другите накиснаа.

Руските служби денеска објавија соопштение во кое се обидоа да дадат одговор на тоа прашање.

– Грижата за чадорот е грижа на лицето кое го чува претседателот. Во извештајот на руската служба за безбедност јасно стои дека чадорот мора да се отвори преку главата на Путин штом падне првата капка дожд. Во врска со тоа, прашањето за чадорите би требало да ги поставите на обезбедувањата на Макрон и Колинда – пишува во соопштението на руската служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...