Истражувачката новинарска лабораторија го комплетира списокот на сите 39 надворешни советници, кои го советуваат премиерот Зоран Заев. Заедно со редовните сега има вкупно 63 советници. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани.
Премиерот има постојано вработени државни советници и посебни советници (24) и има право да ангажира неограничен број на надворешни советници. Таквиот советник може да зема еднократен надомест, да биде ангажиран на проект во одреден временски период, но и да биде на списокот на постојани месечни хонорари, пишува ИРЛ.
Ова е комплетниот список на советници со месечните надоместоци: