Еве кои 136 институции добија нови имиња

Музејот на ВМРО и музеј на жртвите на комунистичкиот режим ќе се преименува во Музеј на македонската борба за самостојност, а новото име Македонската радиотелевизија е Национална радиотелевизија.

2154

Владата на денешната седница донесе одлука да ги задолжи сите институции да извршат промена на јавните табли на своите влезови во однос на името на државата, согласно амандманите 33, 34, 35 и 36 од Уставот, Уставниот закон за спроведување на амандманите и Законот за употреба на јазиците.

Одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е донесена по предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Владата на седницата ги задолжи институциите да извршат и проверка дали се променети сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-странци, медиуми,…), како и меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120. седница, и во рок од седум дена до Меѓуресорска работна група да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

Во прилог е листата на 136-те институции кои ќе ги менуваат имињата. Музејот на ВМРО и музеј на жртвите на комунистичкиот режим ќе се преименува во Музеј на македонската борба за самостојност, а новото име Македонската радиотелевизија е Национална радиотелевизија. Меѓу институциите чие име се менува е и Македонската информативна агенција (МИА). Новото име ќе биде Акционерско друштво Национална информативна агенција – Скопје во државна сопственост.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...