Последниот натпревар од 16.коло во англиската Прмиер лига меѓу Евертон и Вотфорд заврши нерешено 2:2. Двата примени гола го искачија Евертон на врвот на листата екипи со најмногу голови во историјата на лигата.
Сепак, треба да се има предвид дека Евертон е една од шесте екипи која никогаш не испаднале од најквалитетното фудбалско првенство на Островот.
Тимот од Ливерпул досега топката од својата мрежа ја вадел 1.284 пати. Втор на листата е Тотенхем со 1.283 примени гола. Трет е Вест Хем со 1.239.
Лидерот на табелата во Премиер лигата, екипата на Ливерпул е седма со 1.030 голови, Арсенал е осми со 982, Челзи деветти со 971, а по него е Манчестер Сити со 961 примен гол.