Евакуирано 121 лице од туристички брод во Белото Море

Како што пренесува „Тас“, до инцидентот дошло поради грешка на капетанот на бродот.

118

Спасители евакуирале 121 лице од туристички брод во Белото Море, соопштило денеска руското Министерство за вонредни состојби во Карелија.

Утрово во 5.20, патниците биле успешно евакуирани од туристичкиот брод „Сафир“.

За време на инцидентот никој не бил повреден, а бродот не бил оштетен.

Како што пренесува „Тас“, до инцидентот дошло поради грешка на капетанот на бродот.

Спасувачката акција траела речиси четири часа и во неа учествувале неколку чамци и рибарски брод.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...