Повеќе од 2.500 кампери се евакуирани од популарната туристичка дестинација Аржел сир Мер во реонот на градот Перпињан во јужна Франција поради шумски пожар кој го зафати регионот.
Поради силниот ветер огнот стигнал близу до четири кампови со француски, белгиски, британски и германски туристи. Властите почнаа со преместување на туристите поради опасноста да бидат опфатени од пожарот.
Засега нема настрадани или материјална штета, но пожарникарите проценија дека туристите може да се најдат во опасност.
Камперите привремено се сместени во две гимназии и други големи простории во регионот.
Два авиона и околу 30 противпожарни возила се справуваат со огнот кој избувна вчера.
Аржел сир Мер е популарна дестинација за сопствениците на камп-возила во Франција. Честопати општината се нарекува „главен град на кампот“. Во текот на летото, доаѓаат од 10.000 до 150.000 кампери.