Евакуација на лицата во Апелацискиот суд во Атина поради дојава за бомба

60

Во Апелацискиот суд во Атина денеска беше спроведена евакуација на вработените и посетителите по две анонимни дојави за поставени бомби во судот.

Непознато лице се јавило во весникот „Елефтерос типос“ и во порталот „Зоугла.гр“ и предупредило дека евакуацијата треба да заврши до 11 часот и 20 минути.

Полицијата се однесува сериозно кон таквите предупредувања, бидејќи вчера по такви телефонски повици експлодира рачно изработена експлозивна направа пред зградата на телевизијата „Скај” и весникот „Катимерини”.

Во декември лани до зградата на Апелацискиот суд во Атина експлодира експлозивна направа, предизвикувајќи само материјална штета. Тогаш одговорноста ја презеде екстремистичката организација „Народни борци“, која, исто така, е осомничена и за вчерашниот бомбашки напад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...