Д-р Арсенков: Детето и 31-годишната повредена се во тешка состојба и дишат на апарати

Втората пациентка е на возраст од 28 години со 25 проценти изгореност на површината на телото со втор степен изгореници, кај која отежнителна околност е што е бремена во седми месец. Вчера и е направен конзилијарен преглед од гинеколог и констатирана е состојбата на плодот и како ќе се одвива натаму ситуацијата е неблагодарно сега прогноза да даваме - рече д-р Арсенков.

219

Двајца повредени во вчерашната експлозијата на плинска боца во кумановското село Романовце, меѓу кои една пациентка на возраст од 31 година со 80 отсто изгореници по телото и десетгодишно дете со 70 проценти изгореници по телото се во тешка здравствена состојба и се на механичка вентилација на Универзитетската клиника по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје. На Клиниката е хоспитализирана и уште една повредена пациентка на возраст од 28 години со 25 проценти изгореност на површината на телото која е бремена во седми месец – изјави денеска директорот на таа Клиника, д-р Љубен Арсенков.

 

Во текот на вчерашниот ден во Клиниката примени се тројца пациенти од кои една пациентка е на возраст од 31 година со 80 проценти изгореност на површината на телото со трет степен изгореници, која е во крајно тешка состојба и е на механичка вентилација, со изгореници на дишните патишта. Втората пациентка е на возраст од 28 години со 25 проценти изгореност на површината на телото со втор степен изгореници, кај која отежнителна околност е што е бремена во седми месец. Вчера и е направен конзилијарен преглед од гинеколог и констатирана е состојбата на плодот и како ќе се одвива натаму ситуацијата е неблагодарно сега прогноза да даваме – рече д-р Арсенков.

Посочи дека за десетгодишното дете за кое вчера проценките биле дека е со помал процент изгореници, но по адекватна обработка во операционата сала е евидентирана површина на изгореност на телото од 70 отсто.

– Тоа е на механичка вентилација и е во тешка состојба – потенцира д-р Арсенков.

Одговарајќи на новинарско прашање дали освен изгорениците повредените имаат и оштетувања на витални органи, тој рече дека пациентката на возраст од 31 година има изгореници на дишните патишта, но изгорениците не се само зафаќање на кожата на телото.

– Механизмот на повредата е таков да реперкусии има и по останатите органи, кои во наредните денови допрва ќе треба да ги предвидуваме – додаде д-р Арсенков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...