– По повод овој 16.октомври – Светскиот за борба против гладот, ние како организација со нашите партнер-организации, не организираме никакви хуманитарни настани за собирање на храна од причина што во изминатиот период собравме доволно храна (над 3 тони), која ќе биде споделена со 50-тина фамилии, редовни корисници на храна која им ја доставуваме ние заедно со Еурохуман-Интернационал од Скопје.
Ставот на нашата Коалиција против гладот и фрлањето храна е дека на тој ден не треба да се собира храна, бидејќи истата се собира и се дели во текот на другите 364 денови, а на тој ден сме сложни во акции и активности за подигање на свеста кај јавноста за проблемите со кои се соочени поголема група наши сограѓани.
Ние ТОЧНО знаеме кому и колку му е потребно, ние имаме чисти листи на корисниците на таква помош, наспроти ад-хок иницијативите од кои, дел од корисниците имаат и повеќекратна добивка, додека голем дел не добиваат ама баш ништо – вели претседателот на Банка за храна-Македонија, Душко Христов во интервјуто за „Арт кујна“.